Врати се горе
Инспирирани од традициjата

За Нас

Бонум е приватна компанија основана 1992 година. Основна дејност на компанијата е производство и преработка на шампињони (агарицус биспорус), како и преработка на овошје и зеленчук за широка потрошувачка. Денес Бонум е најголема приватна фабрика за производство и преработка на шампињони во Р. Македонија како и една од најголемите конзервни фабрики во регионот. Во 2005 година Бонум изгради нова конзервна фабрика во која со зголемени капацитети врши финална доработка на шампињоните до готов производ, како и производство и преработка на други овошни и зеленчукови производи. Бонум располага со линии за производство на печена пиперка, ајвар, цвекло и корнишони. Во својот асортиман на производи, нудиме и кечап, производи од домати и мајонез. Сегашниот капацитет за производство на Бонум на годишно ниво изнесува повеќе од 12000 тони готов производ. Стручниот тим на Бонум постојано работи на проширување на асортиманот со нови производи, одржување на висок квалитет на производите, добра производна пракса и исполнување на барањата на ИФС, ИСО 22000 и ХАЦЦП стандардите. Гаранција за тоа се добриот пласман и репутацијата на производите на Бонум на домашниот и странските пазари.

Производи од

Контакт



Телефон + 389 (0)2 25 51 662
Факс + 389 (0)2 25 52 662 ext. 14
Бул. Киро Глигоров 4 1040 Скопје, Македонија
bonum@t-home.mk
www.bonum.com.mk

Партнери